Кредит зема само оној што мора

Bez autora
May 05 2011

Не само што банките тешко одобруваат туку и граѓаните и фирмите се' помалку бараат кредити. А во нови долгови се влегува само за да се вратат старите. Нема оптимизам ни во поглед на каматите. Прво кризата, сега растот на инфлацијата не даваат да паднат каматите. Напротив, очекувањата се дека тие ќе растат. Сепак, банките, за разлика од лани, се' повеќе се присутни во јавноста и ги промовираат своите нови производи, главно, станбените и автомобилските заеми. Со оглед на тоа што Стопанска банка прва оваа година започна со активности за промовирање и стимулирање на продажбата на кредитите за население, можеме да кажеме дека резултатите се повеќе од задоволителни и очекуваме пораст на кредитното портфолио како кај обезбедените кредити што се на промоција, така и кај необезбедените потрошувачки и кредитни картички.

Кредит зема само оној што мораНе само што банките тешко одобруваат туку и граѓаните и фирмите се' помалку бараат кредити.

А во нови долгови се влегува само за да се вратат старите. Нема оптимизам ни во поглед на каматите. Прво кризата, сега растот на инфлацијата не даваат да паднат каматите. Напротив, очекувањата се дека тие ќе растат.

Сепак, банките, за разлика од лани, се' повеќе се присутни во јавноста и ги промовираат своите нови производи, главно, станбените и автомобилските заеми. „Со оглед на тоа што Стопанска банка прва оваа година започна со активности за промовирање и стимулирање на продажбата на кредитите за население, можеме да кажеме дека резултатите се повеќе од задоволителни и очекуваме пораст на кредитното портфолио како кај обезбедените кредити што се на промоција, така и кај необезбедените потрошувачки и кредитни картички.

Последниот новитет, автомобилскиот кредит достапен преку ’Автонова‘ и ’Аутомобиле СК‘, докажува дека банката го испитува пазарното мислење и потребите на клиентите и создава производи што ќе им излезат во пресрет на клиентите. Банката нуди плаќање на рати без камата во партнерската трговска мрежа и оваа мрежа постојано расте со што расте и интересот на клиентите за кредитни картички“, велат од Стопанска банка. Оттаму додаваат дека иако се свесни дека фирмите се' уште се борат со неликвидност, сепак, се подготвени да ги поддржат добрите проекти, особено оние што значат и отворање нови работни места.

„Корпоративното кредитирање во Стопанска банка е достапно за сите индустрии и оттука тешко може да се забележи унифицирана цикличност, меѓутоа, потребата за кредитирање постои и банката ги поддржува сите квалитетни, профитабилни проекти што отвораат работни места и придонесуваат за заздравувањето на македонската економија. Покрај средствата што ги нуди банката за кредитирање, достапни се и фондовите од Европска инвестициона банка, за кои, исто така, постои стабилен интерес“, објаснуваат од Стопанска.

Од НЛБ Тутунска банка велат дека расте интересот за кредити, освен за автомобилските. „Најголем интерес има за потрошувачките и за хипотекарните, кои се земаат за рефнинсирање на постојните обврски. За станбените заеми заинтересираноста е константна. Каматите во изминатиот период доста паднаа, кај потрошувачките не очекуваме да има дополнително намалување“, вели Антонио Аргир од НЛБ Тутунска банка. Тој потврдува дека и фирмите бараат повеќе кредити за обртни средства и за враќање на старите долгови.

И од Про кредит банка велат дека кризата се' уште се чувствува. Иако оваа банка во првиот квартал регистрирала пораст на кредитирањето, и натаму фирмите земаат кредит само за да преживеат. „Најавите и очекувањата за 2011 година се попозитивни споредено со 2009 и со 2010 години. Во првите месеци од годината се забележува раздвижување и поголема охрабреност од страна на компаниите за инвестирање. За 2011 година очекуваме раст во кредитирањето од околу 15 проценти. Од друга страна, порастот не може да биде значително поголем ако се има предвид дека економијата се' уште не е целосно заздравена и кризата не е завршена“, велат од Про кредит банка.

Поради сиве овие ризици на банките, и натаму најсигурно им е парите да ги пласираат во записи, и благајнички и државни. Во извештајот за состојбата во банкарскиот сектор во 2010 година, што вчера го објави НБМ стои дека лани банките значително ги зголемиле пласманите во благајнички и државни записи, така што на крајот на годината, средствата вложени во овие нискоризични инструменти изнесувале 25.942 милиона денари и 14.294 милиони денари, или вкупно 650 милиони евра. Годишниот пораст на пласманите во благајнички записи изнесувал 63,7 проценти, додека вложувањата во државните записи оствариле годишен пораст за 74,5 отсто. На вчерашната аукција на благајнички записи банките вложија 97 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik